Мултановски: Вишеградската група е успешен пример за регионална соработка
Вишеградската група е светски познат симбол за успешна иницијатива на четири држави, кои низ годините ги остварија главните цели за интеграција во ЕУ и НАТО, и може да служи како пример за земјите од Западен Балкан, изјави амбасадорот на Полска Јацек Мултановски на отворањето на конференцијата „Вишеградската група и Западен Балкан – што е наредно за овие два региона?”.
- В4 е платформа за дијалог и развој на регионална соработка, безбедност и стабилност. Вишеградската група ќе продолжи со заложбата за процесот на проширување, што силно веруваме дека е во најдобар интерес и на ЕУ и на земјите кандидати, рече Мултановски.
Посочи дека главните теми на конференцијата се за иднината и улогата на В4 во Централна и Југоисточна Европа, и како Вишеградската група може да влијае на развојот во самата ЕУ.
- Мигрантската криза е важен елемент во односите меѓу Вишеградската група и земјите од Балкан, но денешната конференција е можност да дискутираме и за други димензии од сегашната и идна соработка меѓу В4 и земјите од Западен Балкан, изјави Мултановски.
Конференцијата за соработката и односите меѓу земјите од Вишеградската група и Западен Балкан е организирана од Аналитика тинк тенк во соработка со Амбасадата на Полска во Скoпје. Таа е поделена во две сесии, една за односите на Вишеградската група во Централна Европа и втората за Вишеградската група и земјите од Западен Балкан.
За разликите во заедничката кооперација пред и по пристапувањето во ЕУ на земјите од В4, решавањето на регионални предизвици, несогласувањата и разликите и за актуелните презвици во соработката меѓу земјите од Вишеградската група зборуваа Микаел Коран од Институтот за меѓународни односи во Прага, Матеуш Гњаздовски од Центарот за источни студии во Варшава и Томаш Стражај од Словачката асоцијација за надворешна политика во Братислава.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората