Македонија
15. December 2015 - 17:49

Мукоски:Демантирам дека имам земено државно земјоделско земјиште

Пратеникот Крсто Мукоски најостро ги осуди и ги демантира тврдењата дека има земено државно земјоделско земјиште под закуп од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

- Доколку дополнителниот заменик - министер за земјоделство Љупчо Николовски не ја повлече изјавата и не се извини за искажаните неосновани обвинувања, јас, Крсто Мукоски, ќе бидам приморан да поднесам тужба за клевета и нарушување на угледот и честа, стои во демантот од Мукоски, во врска со, се подвлекува, наводите и дезинформациите изнесени од страна на дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на 13.12.2015 година во емисијата „Економски магазин“ на Алсат телевизија.