Македонија
14. February 2020 - 13:46

Мукоски: ВМРО-ДПМНЕ е заложник на неколку криминалци

Многу ми е жал, рече Мукоски, за партијата ВМРО-ДПМНЕ која што вие не можете да ја присвоите пред мене бидејќи можеби и пред вас сум член во таа партија. – Но, жал ми е што ВМРО-ДПМНЕ денес е заложник на двајца, тројца криминалци како вас и се претвори во партија од примерот на Златна Зора во Грција или радикалите на Шешељ. Тоа не беше фундаментот или основата на ВМРО-ДПМНЕ од самото основање на партијата. Патот на ВМРО-ДПМНЕ е патот кон евроатлантските структури, рече Мукоски.

Тој истакна и дека не очекувал Милошоски така да ја почне денешната дебата, оценувајќи ги неговите денешни тврдења како типичен пример на уплашен човек, криминалец којшто знае дека еден ден треба да одговара пред законите на оваа држава.

Во однос на фирмата за која го прозива Милошоски посочи дека инспекциите и Управата за јавни приходи  иако вршеле контроли не нашле ништо.

– Кога зборувате за фирмата Атриум да ви кажам неколку збора. Таа фирма постои од 1974 година кога што сум роден јас. Работела во Словенија до 1990 година до распадот на Југославија. Земала тендери во многу власти во оваа држава и ќе зема тендери на легален и законит начин. Тоа што го спомнавте кога СДСМ дојде на власт, да точно е, обвинуваа, меѓутоа фирмата ја тресеа шест месеци и УЈП и финансова полиција и сите можни инспекции и не најдоа ништо. И денес ве молам на ова обвинение да го пријавите овој случај повторно нека дојдат да испрашуваат.