Ракомет
24. February 2016 - 16:32

Мукаетов: Максимална мобилизација за олимписките квалификации

На денешната седница на УП на РФМ беше усвоен извештајот на селекторот Ивица Обрван за настапот на нашата репрезентација на штотуку завршениот шампионат на Европа во Полска. Претседателот на РФМ Живко Мукаетов истакна дека младоста и тимскиот дух биле пред искуството на првенство (во игрите на Норвешка и Германија), а за нашиот пласамн истакна дека целта да се мине првата фаза била успешна, но дека лошите игри со Хрватска и Белорусија (пред се вториот) во сенка ги ставиле успешните настапи со Франција, Полска, Норвешка па и со Србија. Мукаетов ја призна грешката за превременото напуштање на репрезентацијата од страна на помошникот Данило Брестовац, но затоа за Олимписките квалификации ќе претстои комплетна мобилизација.

- Целта е пласман на ОИ во Рио, ова е втора шанса за Македонија, но последна за оваа генерација. Сите ние сакаме и гориме од желба да се пласираме на ЛОИ. Секој што ќе ја искомпромитира таа мисија во системот на РФМ, вклучувајќи нѐ и нас, нема да бега од одговорност и секој треба да ја понесе. Ако тоа не го исполниме, спремни сме да понесеме одговорност. Ќе дадеме максимум, ако тоа се бара, спремни сме и да се повлечеме и некој друг да продолжи со раководењето. Барам максимална подршка да го исполниме сонот на сите нас, истакна Мукаетов.