Loading Video...
Ракомет
16. February 2019 - 19:48

Мукаетов: Ќе избереме селектор професионалец

 

Ракометните работници денеска го одржаа редовното годишно собрание на кое беа разгледани повеќе точки.

Главен аспект беше работата со репрезентативните селекции и пред се изборот на нов преднодник на машката репрезентација по заминувањето на Раул Гонзалез.

            Се очекува новиот селектор да биде назначен до крајот на месецот а претседателот на РФМ Живко Мукаетов децидно најави селектор кој ќе работи исклучиво со националниот тим:

– Ќе инсистирам идниот селектор да биде професионалец кој ќе работи само во федерацијата, на тој начин ќе имаме поголем фокус на работата со репрезентацијата. Мора да го назначниме колку што е можно побрзо бидејќи во април нè очекуваат квалификациски дуели за Европско првенство, изјави Мукаетов.

Со ова отпаѓа можноста на клупата да седнат  Роберто Гарсија Парондо (Вардар) и Данило Брестовац (Металург) бидејќи се активни во своите клубови.

Познатиот ракометен работник  Марјан Начевски побара да се вратат натпреварите во  ракометот на плажа во Македонија бидејќи од 2024 година, ракометот на плажа станува олимписки спорт.
Нашата земја се уште нема настап на олимписките игри во екипен спорт, па Начевски смета дека тоа можеме да го оствариме со ракометот на плажа