Ракомет
4. October 2015 - 19:04

Мукаетов ги посети ракометарките

Претседателот на РФМ Живко Мукаетов вечерва пред тренингот ги посети ракометарките кои се дел од женската селекција. Тој им посака успех и добри игри пред се.

Репрезентацијата ја очекуваат квалификации за ЕП 2016 година. Македонија се наоѓа во тешка група заедно со селекциите на Црна Гора, Хрватска и Словенија.
Првиот натпревара нашата селекција ќе го игра во среда во Бар со Црна Гора.
Ова воедно ќе биде и деби за носвиот селектор на женската селекција Симе Симовски.