Македонија
23. јуни 2018 - 16:22

Мухиќ: Ова е најбесмислен договор со кој се брише македонската националност

Договорот со Грција најирационалниот и најбесмислениот договор кој можеше да се постигне. Тој е без преседан и со него се брише историјата на еден народ, истакна претеникот Ферид Мухиќ од пратеничката група на СДСМ во емисијата “Само Вистина”. Мухиќ смета дека ваков договор никогаш не бил потпишан во истроријата, ниту во поствоени услови, кога една држава била принудена да потпише безусловна капитулација.

Мухиќ категорично ги отфрли шпекулациите дека тој гласал „за“ договорот со Грција, а неговото тврдење беше потврдено и со официјалните листинзи на собраниските служби.

За Мухиќ некои точки во договорот водат кон бришење на македонската нација. Тој смета дека тргањето на придавката “македонска” од името на највисоките национални институции како што се МАНУ и Македонскиот народен театар, е чист доказ дека македонската нација веќе нема да постои.

Мухиќ смета дека граѓаните не треба да излегуваат на референдум, бидејќи, како што рече, тие не можат да менуваат нешто што не го спечалиле. Со овој договор, вели, се порекнува Македонскиот национален идентитет.

Од СДСМ во одговор на прашање на Сител велат  дека тоа е личен став на Мухиќ кој не е очекуван од граѓаните кои го избрале и го повикаа да го поддржи договорот.

- Изнесените ставови на господинот Мухиќ ги сметаме за лични негови ставови со кои воопшто не се согласуваме и коишто се спротивни на ставовите на мнозинството граѓани и на мнозинството пратеници во Собранието. Секој има право на свое лично мислење, но од пратеник кој е избран од листата на СДСМ и коалицијата граѓаните очекуваат следење на прогресивните идеи а не на деструктивните, очекуваат поддршка за македонската иднина, а не кочење и враќање назад, велат во одговоор од СДСМ.