Мугабе и неговата сопруга ќе добијат имунитет и можат да останат во Зимбабве
Поранешниот претседател на Зимбабве Роберт Мугабе и неговата сопруга Грејс можат да останат во земјата и ќе добијат имунитет, со што ќе бидат заштитени од судска постапка и ќе им биде обезбедена безбедноста во нивниот дом, согласно договорот за заминување од функцијата.
- Тој се уште е наш почитуван херој од ослободувањето. Даде огромен придонес за развивањето на нашата земја во изминатите 37 години. Немаме ништо против Мугабе или против неговата сопруга. Народот на Зимбабве сака тие да останат во земјата доколку сакаат, наведе претставникот на владејачката партија на Зимбабве ЗАНУ-ПФ Сајмон Кхаја Мојо.
Опозицијата на Зимбабве соопшти дека сака новиот претседател на земјата Емeрсон Мнангагва да ги разгледа сите „столбови на репресија“, кои на Мугабе му помогнаа да остане на власт 37 години.
Ново на Сител
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто