Балкан
19. July 2016 - 9:05

Мудис се подготвува да го намали кредитниот рејтинг на Турција

Мудис го стави рејтинтот на Турција на листата за преразгледување со можност за намалување, се вели во соопштението на оваа меѓународна рејтинг агенција.

Во моментов рејтингот на Турција е на нивното Баа3.

- Преразгледувањето се должи на неопходноста од оценка на среднорочното влијание на неуспешниот воен удар врз економскиот раст на Турција, законодавните институции и надворешните фактори, кои се земаат предвид кон веќе постоечките проблеми во таа област, се вели во соопштението на Мудис. 

Според Мудис и покрај неуспехот на пучот, фактот дека тој се појавил е доказ за широк круг на политички проблеми.