Бизнис
14. January 2017 - 9:07

„Мудис“ ќе плати близу 864 милиони долари поради својата улога во избувнувањето на светската финансиска криза од 2008 година

Меѓународната рејтинг агенција „Мудис" ќе плати близу 864 милиони долари, за да ги подмири поднесените против неа побарувања поради зголемување на рејтингот на хипотекарни хартии од вредност, кои придонесоа за избувнувањето на финансиската криза во 2008 година, соопшти американското Министерство за правда, пренесува БТА.

Вчера беше потпишан договор помеѓу „Мудис инвестор сервисис", „Мудис аналитикс" и компанијата мајка „Мудис корпорејшн", од една страна, и 21 држава и Министерството за правда, од друга.

Конкурентската рејтинг агенција „Стандард енд пурс" исто така во 2015 година се согласи да плати казна во износ од 1,37 милијарди долари за тоа што ги завела инвеститорите за квалитетот на високоризичните хипотекарни кредити.