Македонија
3. March 2021 - 20:16

Муцунски: Пописот треба да се одложи за период кога ќе се подобри епидемиолошката состојба

Пратеникот  Тимчо Муцунски денес во своето гостување во дневникот на телевизија Сител истакна дека денес пет часа во Собранието премиерот Заев се занимава со византиски игри наместо со проблемите на граѓаните.

Денес во Собранието бевме сведоци на четири пет часовни византиски игри на кои што на крајот премиерот Заев докажа дека го има мнозинството коешто го има од месец август. Гледаме сега некој триумфализам. За мене искрено да ви кажам триумфализам ќе беше денес премиерот да дојдеше пред пратениците и да кажеше дека се обезбедени 100 000 вакцини да дојдеше да кажеше дека има нов пакет на економски мерки кои што ќе спасат работни места кои што ќе спасат компании кои што се на раб на ликвидност“ истакна Муцунски. 

Пратеникот Тимчо Муцунски во однос на пописот истакна дека попис на Македонија и е неопходен, но дека постои сеуште време и можност тој да се одложи за некој период кога ќе се подобри епидемиолошката состојба и кога ќе може да се гарантира за здравјето на граѓаните.

„Не можеме да го оспориме фактот дека одредени дејствија почнаа да течат тоа е едн метод на електронско попишување на дијаспората, но теренското попишување на резидентното население сеуште не е почнато. Што значи дека ние сеуште сметаме дека постои време и простор пописот јас би рекол да се одложи. Тоа е легитимната и реалната теза во моментов. Во момент кога имаме очигледен трет бран на оваа пандемија во момент кога Македонија нема доволно вакцини за своите здравствени работници дали е нормално повеќе од 25 илјади луѓе да одат на терен ширум домовите во Македонија и потенцијално да бидат тие кои што уште повеќе ќе ја прошируваат оваа пандемија“ нагласи Муцунски

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски истакна дека примарната причина заради која што смета дека треба пописот да се одложи за следната година пред се е епидемиолошката состојба и грижата за здравјето на граѓаните.

„Примарната причина заради која што сметаме дека треба пописот да се одложи за следната година како што направија многу земји од европскиот континент, земји од регионот е здравствениот фактор. Имаше опција која што ние ја понудивме бидејќи се согласуваме дека на Македонија насушно и е потребен попис, доколку сакавме во еден ваков кризен период да го направиме тој попис можеше тоа по електронски пат да се направи што значи ставот кој што јас го гледам во моментов е доста конзистентен има сеуште време пред да почне попишувањето на резидентното население владата да се освести дека не е сега период да се направи попис, граѓаните се загрижени, како некој ќе влегува во нивните домови, дали тие ќе се доволно безбедни. Да бидеме рационални да попис ни треба, можеме да дискутираме за методологијата но дајте тој попис да го одложиме за некој период кога ќе се подобри епидемиолошката состојба и кога ќе можеме да гарантираме за здравјето на граѓаните“ истакна Муцунски.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ