Муцунски: По 10 години Лисиче добива нов мултифунционален спортско-рекреативен комплекс
Денес почнуваме со градежните работи за изградба на нов мултифункционален комплекс во Лисиче. Во овој дел од општина Аеродром повеќе од 10 години немало ваков тип на инвестиција, односно тоа што им е најпотребно на граѓаните, место за рекреација, место за одмор, место за спортски и друг тип на рекреативни активности. Овој комплекс ќе има посебно детско игралиште, посебно спортско игралиште, мал плоштад. Инвестицијата е целосно на општина Аеродром и очекуваме инвестицијата да се реализира, односно да се заврши пред почетокот на летото.
Пред околу 10-тина бевте наши гости на изградбата на почетокот на градежните работи за изградба на парк „Радост“, презентиравме и друг тип на вакви активности во последните недели што значи сме максимално посветени за обезбедување на простор за рекреација, тоа што им е посебно потребно во овие периоди на жителите на општина Аеродром.
Ќе ни биде задоволство да ве поканиме и понатаму, имаме многу дополнителни капитални инвестиции кои што ќе ги отпочнеме следниот период. Работиме посветено во кризни времиња, во малку поспецифични времиња за единиците на локалната самоуправа, но со посветена и искрена работа, согласно нашите програмски определби сметаме дека реализираме проекти кои што се насочени кон подобар живот на сите жители на општина Аеродром.
Ново на Сител
-
Средношколци во Сител за Денот на медиумите
-
Средба Мицкоски - Орбан во Охрид
-
Kој е виновен што Mакедонија не напредува кон ЕУ – партиите си разменија обвинувања
-
Експерти: ЕУ не може да гарантира дека ќе запрат бугарските барања, потребна е волја за дијалог
-
Мицотакис од Њујорк: Добрососедски односи и почитување меѓународни договори за влез во ЕУ
-
Инспекторите на терен – дали 140 ученици од “Ѓорѓија Пулевски” се затруени со храна?
-
Кривична пријава за поранешниот директор на струмичкиот затвор
-
Законот за нефер трговски практики почнува од утре, поевтинување се очекува за еден месец