Македонија
28. October 2021 - 16:09

Муцунски: Местото на градоначалникот е помеѓу граѓаните, почнува работна акција за чист и зелен Аеродром

Почнува работна акција за чист и зелен Аеродром!, најави новиот градоначалник на Аеродром, Тимчо Муцунски

-Денеска имав средба и работна акција со сезонските работници. Целта е во наредниот период да се интензивира работењето на овие работници за Аеродром повторно да го добие сјајот на чиста и зелена општина.

Со сезонските работници денеска излеговме на терен каде имавме работен состанок и веднаш се фативме за работа. Во нашата програма ветивме дека Аеродром ќе биде почист и зелен, а со овие прекрасни луѓе верувам дека ќе го постигнеме тоа. Во наредниот период сезонските работници ќе се грижат за зеленилото за тревниците и дрвјата во Аеродром на редовна основа, ќе се грижат за хигиената на јавните површини во општината, како и училиштата и градинките.

Одржувањето на хигиената во општина Аеродром е наш приоритет, бидејќи сите вие заслужувате да живеете во една хумана средина. Местото на градоначалникот и советниците е помеѓу граѓаните. Започнуваме со решавање на проблемите на граѓаните, целиме кон чист и зелен Аеродром – објави на Фејсбук, Муцунски.