Македонија
31. October 2016 - 22:05

Муцунски: Граѓаните се умни, ќе ја одберат сеопфатна програма на ВМРО-ДПМНЕ

На парламентарните избори кои што доаѓаат на 11 декември, граѓаните имаат две опции. Правата е опцијата на СДСМ која што означува деструкција и уништување на унитарноста на нашата земја, а втората опција е ВМРО-ДПМНЕ која што нуди дела, конкретни проекти и реализација на многу идеи, сет на вредности кои што се докажани во минатото, порача од Македонска Каменица Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Граѓаните се мудри, тие знаат да ја одберат вистинската опција. Која што нуди сеопфатна програма, базирана на разни проекти од областа на здравство, инфраструктура, култура, проекти за млади и сите тие проекти ќе бидат насочени кон подобрување на севкупната општествена положба во Р. Македонија, рече Муцунски.

Тој посочи дека програмата што ќе ја понуди ВМРО-ДПМНЕ е програма создадена од граѓаните, со консултација на многу експерти.

-Ќе има проекти кои што ќе допрат до секој граѓанин. Граѓаните цврсто стојат зад ВМРО-ДПМНЕ и ние сме тотално сигурни дека ќе ја оправдаме нивната доверба. Вечерва од Македонска Каменица, граѓаните праќаат јасна и недвосмислена порака, а тоа е дека тие стојат позади унитарна и просперитетна Р. Македонија, рече Муцунски.