Македонија
9. July 2018 - 15:29

Му се слошило во воз, млад дојранчанец почина во велешката болница

Вчера околу 12 часот било пријавено дека во патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје-Велес, на патникот Н.С. (34) од село Фурка-дојранско, му се слошило.

Toj бил пренесен во Општата болница во Велес, но околу 13 часот починал. 

При извршениот преглед на патната торба на Н.С. биле  пронајдени две паковки со бела прашкаста материја, кои се дадени  за вештачење.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот ќе биде предадено за обдукција.