Македонија
23. October 2020 - 17:18

Му се слошило во чајџилница во Гостивар и починал

Вчера во 16,22 часот во Полициската станица Гостивар, од Ургентен центар Гостивар било пријавено дека кај нив има починато лице. Според пријавеното, во чајџилница во Гостивар, на И.Р.(78) од Гостивар кој бил гостин во објектот во еден момент му се слошило, соопштуваат од МВР.

Потоа со Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар Гостивар, каде што од страна на лекар била констатирана смрт.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено за обдукција.