Македонија
13. јуни 2019 - 18:20

Му се слошило додека сечел шума, млад албански државјанин почина во охридско

Вчера во 17.15 часот во СВР Охрид, од Итна медицинска помош било пријавено дека во атарот на с.Вапила, охридско, при сеча на шума, на место викано „Бел Камен“, на Н.Х.(32) од Република Албанија, со привремен престој во Охрид, околу 16.30 часот му се слошило, по што починал.
 
Увид извршила екипа од СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.