Му се јавил да му ги врати парите кои му ги должи па го убил - Детали за убиството во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен акт против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.
По спроведување на сеопфатна истражна постапка, надлежниот јавен обвинител утврди дека обвинетиот со умисла го лишил од живот сега починатиот Н.Д. од Скопје, на 28.12.2018 година, на улица „Шарпланинска“ во Скопје. Обвинетото лице, пред да го изврши убиството, од домот на неговиот дедо земало ловечката пушка марка Црвена застава Крагуевка и ја скрило во грмушките на улицата Шарпланинска. Потоа му се јавил на сега починатото лице за да му каже дека на возилото БМВ му се јавил дефект на конкретното место, но дека со себе ги носи неговите 850 евра кои му ги должи. Откако оштетениот пристигнал на договореното место со неговото возило Фолксваген пасат, сторителот пришол и седнал на совозачкото седиште. Во разговорот кој го воделе, обвинетиот му рекол на сега починатото лице дека парите кои ги носи се во валута евро и дека треба да ги сменат во менувачница.
Пред да заминат, сторителот излегол од возилото и ја оставил вратата од страна на совозачот отворена. Го замолил оштетениот да го почека, при што отишол до грмушките, го зел оружјето од таму се вратил кај возилото и дирекно испукал еден куршум кон сега починатиот. Вториот смртоносен куршум од оружјето бил испукан во грбот на оштетениот, откако тој направил обид да излезе од возилото.
Едновремено со поднесување на обвинението, надлежниот јавен обвинител до судот достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот поради постоење на опасност од криење и бегство.
Ново на Сител
-
Џафери: Седница на Советот за координација на безбедносните служби за потребите на изборниот процес
-
„Илијада“ прогласена за најдобра маска на Струмичкиот карневал
-
Вучиќ: Ќе побарам од Владата да им овозможи на опозициските партии увид во избирачкиот список
-
Жена се обидела да прошверцува цигари вредни половина милион динари, фатена на „Прешево“
-
Поради технички проблеми со веб-страницата продолжен рокот за пријавување на дијаспората
-
Путин: Евентуаелен судир помеѓу Русија и НАТО е еден чекор до трета светска војна
-
Велковски: Добив сознанија за 2252 незаконски исплати на средства за социјална помош и пензија
-
Во Чеченија за Путин гласале над 98 проценти од граѓаните