Македонија
24. August 2018 - 12:48

Му пришол позади грб и го избодел својот татко - 17-годишно момче од Битола заработи пријава за „убиство во обид“

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против 17 годишно лице од Битола, за сторено кривично дело „убиство во обид“. На 27 јуни околу 13,30 часот, во Битола поради нерасчистени семејни односи, пријавениот со нож го прободел во грб неговиот 50 годишен татко додека излегувал од домот.