Живот
16. August 2017 - 13:37

Му паднал телефонот од авион и преживеал: Се ова го снимил додека паѓал на земјата

Мобилен телефон Самсунг Галакси С5 наводно паднал од авион и за чудо го преживеал падот паѓајќи во нечиј двор. Случајно и снимил се што "видел" за време на падот. Чесниот пронаоѓач го вратил телефонот на сопственикот Блејк Хендерсон, а на него било зачувано и видеото.

Снимката трае нешто повеќе од 11 минути а на Јутуб ја поставил роднина на сопственикот, Роберт Рајан. Првите неколку секунди се гледа пејсаж бидејќи Хендерсон од леталото во кое бил снима друг авион кој минува. Потоа сниката се заматува, се гледа плаво и зелено бидејќи очигледно телефонот паднал од 304 метри висина. Се тоа се случува во првата минута од снимката.

По 7. минува на снимката се гледа маж кој се приближува на телефонот и го здогледува паднат во тревата.

- О, еве го твојот телефон - вели еден маж.

- Како ли дошол до тука? Тоа не е мојот телефон. Мојот е во џеб - одговара другиот.

- Тој и снима - рекол првиот маж и одлучил да остави на снимање.

Очигледно падот од таа висина не сметал на функцијата да снима.

Погледнете го видеото.