Џет-Сет
14. February 2017 - 19:35

Му одбележа 40 дена: Добар мој татко, ти дојде твојата Сека

Сека Алексиќ вчера му направи четириесетдневен помен на таткото Милорада Миќа Алексиќ, кој по кратко и тешко боледување почина на Бадник на 6. јануари во лозничката болница.

Svi zajedno u bolu... Seka s mužem i najbližim članovima porodice

Сека на Новите гробишта во Лозница пристигна малку пред пладне со сопругот Вељко Пиљкиќ и вратот Неџад Рамиќ. Прво намина до цвеќарата на влезот од гробиштата, а во раката носеше плетена корпа со храна и пијалок, кои потоа ги послужи на гробот на Миќа. Од цвеќарата излезе со букет бели хризантеми, кои симболизираат тажни моменти. Сека на гробот на нејзиниот татко веќе ја чекаа другите членови од семејството, а потоа отидоа на гробот.

-Добар мој татко, ти дојде твојата Сека - низ солзи тивко прозборе, се прекрсти и го бакна крстот.

Сека потоа го прочита Оче наш, сопругот Вељко го посла гробот, а потоа заедно од корпата извадија пченица, колачи, пијалок и кафе. Според православните обичаи, роднините на гробот се послужија од храната. Сите запалија свеќи и испија по чаша вино за покој на душата на Миќа. Иако ветерот силно дуваше, семејството остана еден час на гробот. Потоа заедно отидоа во семејниот дом на заеднички ручек.