Живот
29. March 2016 - 10:48

Му напишал писмо на поранешното момче на својата девојката - Фала ти за ...

Жените ширум светот се воодушевени од писмото кое еден маж го посветил на поранешното момче на својата девојка.

Писмото во кое тој открива како се чувствува за својата девојка стана вирален хит, а откако се објави на Фејсбук на страната Love What Matters почна да се шири по социјалните мрежи:

„До мажот кој ја пушти да си замине,

Ти благодарам. Ти благодарам што си замина од нејзиниот живот, што ја остави. Ти благодарам што ми даде можност да ја сакам, да правам работи кои ќе ја направат среќна, да ја чувам. Ти благодарам што ја повреди.

Ако не, немаше да научи вредна лекција. Ќе се обидам да не ја повредам, бидејќи ме боли кога ја гледам како плаче.

Ќе ги правам сите работи кои ти не успеа да ги направиш за неа, како да бидеш таму кога се чувствува осамено, што не ја направи свој приоритет и ја направи да се чувствува само како опција, што не ги слушаше нејзините приказни и жалби, без разлика на тоа колку се бизарни или клише

Што не ѝ посвети време и љубов, иако не ги бара од тебе.

Ќе се грижам за девојката која ти не успеа да ја цениш.

Ќе ја сакам девојката која ти ја зема здраво за готово.

Ќе направам сè за да ја задржам и да ја натерам да остане.

Ќе ја сакам за тоа што е и ќе ја поддржувам во сè што сака да биде.

Ќе бидам партнерот кој ти не успеа да бидеш. Ќе бидам мажот кој никогаш нема да ги прави истите грешки кои ти ги правеше.

Никогаш нема да ја напуштам.“

 

 

"To the man who let her go,Thank you. Thank you for walking out of her life, for leaving her. Thank you for giving me...

Posted by Love What Matters on среда, 23 март 2016