Македонија
20. May 2022 - 16:52

Му дале по 300 евра за да купи делови со кои ќе им направи ограда - измамени две лица од Сарај

Маж од скопски Сарај измамен за 300 евра.

- На 19.05.2022 во 15.00 часот во Полициската станица Сарај, 37-годишен жител на скопско село пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 300 евра. Според пријавеното, лицето се претставило дека е од тетовско и од него побарало да му направи ограда. Како што е пријавено, откако се договориле лицето побарало од него кога ќе тргне да земе мерки да застане кај еден објект, да земе и плати еден пакет со делови, а откако ќе се видат ќе му ги врати парите и ќе му даде аванс. Кога пристигнал во тетовско, според пријавеното, лицето не било достапно, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од МВР.

Истиот ден малку подоцна уште еден жител на Сарај бил измамен за иста сума на пари.

- На 19.05.2022 во 19:00 часот во СВР Скопје, 24-годишен жител на село од општина Сарај пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 300 евра. Според пријавеното, лицето побарало од него и се договориле да му изврши градежни работи кај него во с.Блаце, скопско. Како што е пријавено, тие се договориле веднаш да земе мерки, но прво да земе и плати еден пакет со делови, а откако ќе се видат ќе му ги врати парите и ќе му даде аванс. Подоцна, според пријавеното, кога пристигнал во селото, лицето било недостапно, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.