МТСП: Утре почнува етапната исплата на февруарските пензии
Исплатата на февруарските пензии во етапи заради заштита на пензионерите од КОВИД-19 ќе почне утре, 25 февруари, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата.
За пензии до 11.000 денари, исплатата ќе се извршува утре, в петок (26 февруари) ќе се исплаќаат пензии со висина од 11.001 до 14.000 денари. За пензии со висина од 14.001 до 18.000 денари, исплатата ќе биде в понеделник, 1 март, а наредниот ден (вторник, 2 март) и ќе бидат исплатени и пензиите од над 18.001 денари.
Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите може да располагаат од утре, 25 февруари. Тие може да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.
– Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје, соопшти МТСП.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот