МТСП: Речиси 60 отсто од вработените во градинките се вакцинирани
Министерството за труд и социјална политика ги повикува сите вработени во детските градинки кои не се вакцинирани да пристапат кон процесот на имунизација, со цел непречено одвивање на воспитно-образовниот процес за време на пандемијата.
– Како ресорно Министерство упатуваме на општествена одговорност на сите вклучени во процесот на воспитување и образование на децата од предучилишна возраст, имунизацијата да продолжи со несмалено темпо во текот на целиот летен период. Истовремено информираме дека досега се вакцинирани речиси 60 проценти од вработените во градинките во државава и воедно апелираме и останатите 40 проценти на воспитувачи, негуватели и технички персонал да се вакцинираат за да може да биде обезбеден безгрижен престој на децата. Само така градинките по завршувањето на летниот период ќе можат да работат со полн капацитет, се наведува во соопштението од МТСП.
Вработените во градинките во изминатиот период, додава Министерството, покажаа високо ниво на одговорност и професионалност и преку целосно почитување на Протоколот за заштита не дозволија внатрешно ширење на вирусот Ковид-19.
– Здравјето на сите граѓани вклучително и на најмалите е најважно. Затоа од големо значење е сите заедно да вложиме напори во обезбедување на безбеден престој на децата во градинките, посочуваат од МТСП.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите