МТСП: Пратениците од опозицијата да не го блокираат законското решение за недела, работниците го очекуваат ова право
Министерството за труд и социјална политика апелира до пратениците од опозицијата да не ја кочат собраниската процедура за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, со кој се дефинира дека недела е ден на неделен одмор.
– За жал, во текот на целиот ден, на Комисијата за труд и социјална политика, поради процедурални забелешки, не беше овозможено да се отвори расправа за Предлог-законот, кој работниците го очекуваат и кој треба да почне да се применува од 1 октомври оваа година. Овој Предлог закон овозможува над 92 проценти од вработените да одмораат во недела и со тоа да создадат рамнотежа меѓу приватниот професионалниот живот. Дополнително, законското решение кое е на второ читање во матичната собраниска Комисија за труд и социјална политика, за малиот процент работници кои ќе работат во недела гарантира дополнителни најмалку 50 проценти повисока дневници и слободен ден, велат од МТСП.
Од овие причини, нагласуваат од Министерството, од исклучително значење е пратениците и од владејачкото мнозинство и од опозицијата, да бидат конструктивни и да дејствуваат во интерес на граѓаните.
– Потсетуваме дека Предлог-законот за изменување и дополнување на работните односи, беше подготвен низ една широка и конструктивна дискусија и доби силна поддршка и од претставниците на работниците и на работодавачите, стои во денешното соопштение од Министерството за труд и социјална политика.
Ново на Сител
-
Русија и Украина договорија размена на деца одвоени од своите семејства
-
Даштевски: Има прекин на 3 места во Куманово
-
Излезноста до 17 часот е 44,18 отсто
-
Во општина Гостивар гласале над 20 илјади граѓани
-
До 15 часот во Велес излезеноста 38,93 отсто, во Чашка 37, а во Градско 41,64
-
МВР: Регистрирани пет нови инциденти при гласање ширум државата
-
Оваа година поголем одзив до 15 часот во споредба со 2019
-
Излезеноста во Куманово до 15 часот 33 проценти, во Липково 25, во Старо Нагоричане 35