МТСП: Породилното отсуство трае до завршувањето на времените мерки
Мајките кои се на породилно отсуство треба да бидат спокојни. Се додека траат времените мерки тие не мора да се вратат на работа, соопшти МТСП.
За да се обезбеди заштита и грижа за децата, појаснуваат од Министерството, Владата на Република Македонија донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи (“Сл. весник на РМ” бр. 90), во која со членот 4 е предвидено надоместокот на плата за отсуство од работа на работничка поради бременост, раѓање и родителство и посвојување, да продолжи да се исплаќа до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирусот КОВИД-19,
Остварувањето на правото на надоместокот се врши преку Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија.
Одлуката за времетраењето и завршувањето на времените мерки ја носи Владата, по заклучоци од Главниот координативен кризен штаб кој одлучува според препораките на Комисијата за заразни болести.
Владата на Република Македонија во континуитет ги следи состојбите и потребите кои се во интерес и заштита на децата за што благовремено ќе продолжи да ја информира јавноста.
МТСП укажува дека наш врвен приоритет е грижата и заштитата на децата. Градејќи социјално праведно општество, обезбедуваме еднаков третман на сите деца. Се грижиме подеднакво за сите.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море