МТСП: Нова градика во Аеродром – продолжуваме да инвестираме во раниот детски развој
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалникот на Општина Аеродорм Златко Марин денеска ја посетија новоотворената градинка во населба Ново Лисиче. Новиот објект кој е во рамките на ЈOУДГ „Буба Мара“ има капацитет за 200 деца и е изграден по најсовремени стандарди за згрижување и престој.
Општина Аеродорм за овој објект издвои околу 40 милиони денари. Новата градинка има осум занимални со сопствени санитарни јазли и кујна на вкупна површина од 1 500 метри квадратни.
– Со овој објект, градинката „Буба Мара“ доби двојно поголем капацитет за згрижување, со што ќе се задоволи реалната потреба на семејствата во Ново Лисиче. Министертвото за труд и социјална политика продолжува да инвестира во детската заштита со тоа што ги подобрува условите за престој и воспитување на децата, но ги јакнеме и професионалните компетенции на воспитувачите. Со последното зголемување на платите за 16 отсто на давателите на услуги го враќаме достоинството на професијата воспитувач. Зголемување од дополнителни 5 отсто за вработените во градинките ќе има и на септемвриската плата која ќе биде исплатена во октомври, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
За две и пол години МТСП има инвестирано во изградба, опремување и реконструкција и опремување на вкупно 31 објект за детска заштита. Во тек е изградба и опремување на уште 12 објекти.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот