Македонија
6. August 2018 - 14:28

МТСП нема да толерира несоодветно однесување со децата во градинките

По објавувањето на видео на социјалните мрежи од градинката „Детска радост“ во Гевгелија каде воспитувачката со погрдни зборови му се обраќа на дете, Министерството за труд и социјална политика итно реагираше со цел расветлување на случајот во најкраток можен рок.

- Одделението за инспекциски надзор за заштита на децата веднаш стапи во контакт со директорот на установата, а инспектори се упатени  на терен за да извршат вонреден инспекциски надзор. Доколку се потврди веродостојноста на случката, сите одговорни ќе бидат веднаш санкционирани. МТСП нема да толерира било какво несоодветно однесување со децата во градинките, се вели во соопштението од  Министерството за труд и социјална политика. 

Од МТСП информираат дека во најбрз рок ќе ја известат јавноста за наодите и следните чекор во однос на овој случај.