Македонија
26. August 2018 - 16:17

МТСП не знае кога и колкаво ќе биде следното зголемување на минималната плата - се чека на економско-социјалниот совет

Министерството за труд и социјална политика не знае кога и колкаво ќе биде следното покачување на минималната плата. Се чека економско-социјалниот совет да донесе одлука за зголемување.

Владата вети дека до крајот на мандатот минималната плата ќе биде 16.000 денари.

Во моментот Владата и МТСП подготвуваат нов системски Закон за работни односи. Според Царовска, новиот закон ќе биде пофлексибилен и поотворен за пазарот. Тој би требало да биде донесен во февруари или март идната година. По донесувањето на овој закон ќе се расправа за воведување К-15 во јавната администрација.

Царовска вели дека 41,6 милиони денари во оваа година се доделени за инвестирање во изградба и доградба на детски градинки, што е за 44 отсто повеќе во однос на минатата година кога биле искористени околу 29 милиони денари. Најави дека воспитувачите и негувателките од септември за пет отсто ќе добијат повисока плата.