МТСП и Заводот за статистика ќе развиваат Национален индекс за родова еднаквост
Министерството за труд и социјална политика во соработка со Државниот завод за статистика на Република Македонија и Европскиот институт за родова еднаквост од Вилнус, Литванија, пристапија кон развивање на Национален индекс за родова еднаквост.
По тој повод, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска одржа работна средба со Виргинија Лангбак, директорка на Европскиот Институт за родова еднаквост.
Индексот за родова еднаквост претставува единствен сложен индикатор што ја одразува многустраната реалност на родовата еднаквост. Со пресметка на Индексот на родовата еднаквост за Република Македонија ќе се добие клучен индикатор за мерење на родовата еднаквост. Исто така, со овој индикатор ќе се прават споредби со ЕУ и со нејзините земји членки по однос на родовата еднаквост, имајќи предвид дека европските лидери го насочуваат фокусот кон оваа проблематика и преземаат мерки, воведувајќи нови законски одредби за да ја намалат нееднаквоста.
За таа цел, Европскиот институт за родова еднаквост остварува консултации за понатамошна соработка во развивањето и унапредувањето на родовиот Индекс.
Покрај средбата со министерката Царовска, Лангбак ќе има средби и со други поддржувачи на родовата еднаквост во Република Македонија, меѓу кои се членовите на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Клубот на жени парламентарки.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово