Живот
19. February 2019 - 13:26

Мртвата мајка со месеци ја чувал заради нејзината пензија: Италијанец ја оставил да скапува на троседот каде и починала

Маж од северот на Италија со месеци во куќата ја чувал мумифицирана мајката за и натаму да ја прима нејзината пензија.

Тој не ја пријавил нејзината смрт и го оставил телото на 90-годишната жена да скапува на троседот каде и починала.

Телото на Алба Пеирано е откриено во четвртокот кога нејзиниот лекар, кој не ја слушнал некое време, ја замолил полицијата да провери што е со неа. Го пронашле телото кое не било допрено од смртта, веројатно од август.

„Тоа е многу тажна и апсурдна приказна“, рече обвинителот Џовани Батиста Феро во Савона.

Форензичарот кој го прегледал мумифицираното тело рекол дека никогаш не видел такво нешто.

Синот на Алба Франко Сирело (63), му рекол на обвинителот дека мајката му починала додека ја хранел со јогурт и мирно признал дека нејзината смрт ја скрил за и натаму да ја прима нејзината пензија.

Случајот се случил во куќа во местото Албисола недалеку од Савона во која Сирело живеел со аутистичниот син. Соседите во полицијата рекле дека не забележале ништо невообичаено.