Балкан
4. September 2017 - 16:07

Мртва старица со месеци гниела во станот: Соседите се гушеле во смрдеа на распаднатиот труп

Старицата Милева Галантиќ починала во јануари во својот стан во улицата Милош Зечевиќ на Звездара во Белград, а нејзиното телот е пронајдено во средината на август и тоа откако соседите го обиле нејзиниот стан и го нашле распаднатото тело во креветот.

Станарите од зградата во која Милева живеела сама на првиот кат, последниот месец дена почнале да чувстуваат непријатен мирис, па одлучиле самоиницијативно да ја скршат бравата.

Мислеле дека се мачки

-Последен пат ја видов во јануари. Уште тогаш со соседите коментирав дека најверојатно починала, меѓутоа сите ми говореа дека ќе се чувстувала смрдеа. Потоа во март викнав полицијат аи го пријавив нејзиниото исчезнување, откако воопшто не се појавуваше. Исто така го известив и Центарот за социјална работа, вели нејзиниот сосед.

Тој објаснува дека не заеле дали полицијата ја барала Милева или не, и дали некој воопшто дошол до станот на старицата.

-На почетокот на август почна да се чувстува мирис на мрша во зградата. Истиот мирис го чувстуваат и станарите од соседната зграда па сите почнаа да го бараат изворот на смрдеата. Се сомневавме дека на соседот кој држи мачка во подрумот, може му цркнало некое маче, вели соседот кој пред две недели одлучил на свој трошок да го обие станот на соседката и конечно да ја реши мистеријата со непријатната миризба.

Изгледала како мумија

-Донесов бравар и во присуство на претседателот на куќниот совет и уште едне сосед почнавме да ја сечеме бравата. Веднаш видовме дека клучот е во бравата од внатрешната страна и тоа ни беше јасен знак дека Милева починала внатре. Повикав полиција, итна помош и сите влеговме во станот и имавме што да видиме, вели тој.

Старицата лежела мртва на креветот.

-Не ја ни препознав, како мумија беше. Во станот беше хаос, а смрдеата неподнослива, раскажува Јован Кораќ кој напоменува дека тука не бил крајот на неговите маки.

Откако го однеле трупот од станот, проблемот со мирисот не е решен.

-Трупот е однесен, полицијата ја запечати вратата, но никој не дојде да изврши дератизација и дезинфекција. Прозорецот остана отворен, така што цела улица смрди. Се обидовме да најдеме некои роднини на старицата, ама сфативме дека нема никој и дека станот е сопственост на општината. Ако набрзо не дојде некој да дезинфицира, ќе се задушиме, вели соседот.