Македонија
20. July 2016 - 10:12

Мртов таксист пронајден на пат кај кавадаречко Возарци

На пат кај кавадаречкото село Возарци утрово е пронајден мртов такси возач, потврдија од МВР.

- Случајот во полиција го пријавил случаен минувач, кој го забележал телото на човекот веднаш до такси возилото, на патот кај селото Возарци, соопштуваат од МВР.

Нагласуваат дека увидна екипа излегла на лице место и оти во овој момент не можат дадат повеќе детали за настанот.