Македонија
17. December 2016 - 14:09

Мртов пијан ги расекол со нож родителите на сопругата

Синоќа во 19.10 часот во Полициската Станица Куманово од страна на С.С.(1989), сосед на семејството на Б.Д. и Ј.Д. било пријавено дека во домот на оштетените дошол нивниот зет Б.С. од село Табановце. Б.С бил во видно алкохолизирана состојба и првин ја скршил влезната врата, по што откако влегол во домот на Б.Д. и Ј.Д. почнал со расправија, барајки ја наводно неговата сопруга.

Веднаш потоа со употреба на нож на Б.Д. и Ј.Д. им направил исекотини во пределот на рацете, а на Ј.Д. исекотини на левата страна од вратот. Оштетените успеале да избегаат од дома кај соседот, додека Б.С. останал внатре и со истиот нож се самопвредил.

Откако соседот видел дека Б.С. е легнат во ходникот веднаш повикал и брза помош по што е однесен во Ургентниот центар во Општата болница Куманово, а потоа поради сериозноста на повредата е префрлен на Клиничкиот центар во Скопје.

По овластување на јавен обвинител извршен е увид на местото на настанот од страна на увидна екипа при СВР Куманово.