Македонија
22. March 2018 - 11:01

Мртов маж пронајден во Маврово

Во понеделникот околу 20 часот во село Маврово кај местото Казане, бил пронајден мртов маж.
 
Имено, станува збор за 66-годишниот А.З. од село Врбјане.
 
Тој бил пронајден од страна на 30-одишниот Д.Д.  и 56-годишниот Д.С.  двајцата од  село Маврово, со кои А.З.  бил договорен да одат на лов.
 
 Од страна на лекар била констатирана смрт и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.