Македонија
18. November 2017 - 13:39

Мртов маж пронајден во куќа во Прилеп

Триесетгодишниот Р.Ѓ. од Прилеп вчера бил пронајден мртов во куќа на улицата „Благоја Николовски“, соопштуваат од МВР.

Починатиот бил пронајден од страна на 27-годишната Н.А.

Имено, претходниот ден околу 18 часот, Р.Ѓ. дошол во домот кај неа и нејзиниот сопруг со изговор дека се скарал со неговите родители и побарал да остане, по што се качил на катот од куќата. Откако истиот бил пронајден без знаци на живот, била повикана Итна медицинска помош и од страна на лекар била констатирана смрт.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.