Македонија
14. јуни 2021 - 13:12

Мртов маж пронајден на дрво на Плачковица

Штипските пожарникари вчера интервенирале на планината Плачковица, каде од страна на полицијата било побарано интервенција за симнување на мртво тело од дрво. Станува збор за жител од планинските села, по кој подолг период се трагало, а неговото тело е пронајдено во непристапен планински предел. Пожарникарите интервенцијата ја извршиле во период од 14 до 17.15 часот.

Командирот на ТППЕ-Штип, Тони Атанасов информира дека минатата недела имале само една интервенција на гаснење на пожар на запалена сува трева кај поранешната фабрика „Македонка“, имаат и една техничка интервенција, односно спасување маче во населбата Три Чешми, останатите активности им биле дотур на вода за ЈП „Македонија пат“- Штип.