Македонија
12. September 2017 - 14:00

Мртов маж најден на земјен пат во Штип со крвави траги на лицето

Во 21 часот во Полицијата во Штип било пријавено дека на влезот во селото Шашаварлија-штипско, на земјен пат бил пронајден починат 66-годишниот С.Ј. од истото село.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип, а од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирано дека над левото око на починатиот има видливи крвави траги и гребаници.

По наредба на Јавен обвинител, телото било предадено на обдукција.