Македонија
26. November 2022 - 16:49

Мртов 26-годишник пронајден на улица

26-годишик од Скопје пронајден мртов од страна на итна медицинска помош.

- На 25.11.2022 околу 17,30 часот во СВР Скопје од Итна медицинска помош било пријавено дека на ул.„Патрис  Лумумба“ во Скопје бил пронајден починат М.О.(26), при што од лекар е констатирана смрт без траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, велат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.