Македонија
15. March 2019 - 16:51

МРСА испразни училиште во Бутел

Шестоодделенецот од Панајот Гиновски во Бутел кај кого вчера е откриена МРСА само усно е пријавен во скопскиот центар за јавно здравје. Епидемиолозите немаат медицинска документација од направените лабораториски анализи. Тој е втор случај на заразен во училиштето, што ги мобилизираше надлежните за време на викендот да направат хемиско чистење а во понеделникот дезинфекција во училишните простории.

- Стравот од МРСА го испразни училиштето Панајот Гиновски во Бутел. Денеска во прва смена отсуствувале повеќе од 30 проценти од учениците. Голем број родители ги носеле децата во амбуланти за проверка на брисеви.

Наместо во училишните клупи, голем број на ученици седат дома. Велат дека им е страв од бактериите и на настава ќе продолжат од понеделник.

- Не одам на училиште, има бактерии. А кој ви кажа? Па кажаа..а имаше и на телевизија. Страв ни е, велат ученици од Панајот Гиновски.

И додека родителите се вознемирени од ширењето на бактеријата, епидемиолзоите апелираат да не се крева паника. За МРСА дискутирале и на денешниот состанок на Комисијата за заразни болести.

Родителите не треба да проверуваат на социјалните треба, туку треба да ги слушаат лекарите. Нема простор за паника, нема опасност, ќе бидат преземени сите мерки што се неопходни, вели Александар Стојанов епдиемиолог во Центар за јавно здравје Скопје.

Покрај двата случаи во Панајот Гиновски, МРСА беше отркиена и кај три деца од градинка во Чаир. Лекарите велат дека лекувањето на оваа бактерија трае од 7 до 10 дена. Најзагрозени сде новороденчињата и лица со намален имунитет.