Бизнис
31. March 2017 - 20:49

Мрежа за креативно претприемништво во преку граничниот регион на Македонија и Бугарија

Младите од прегураничниот регион на  Македонија и Бугарија заеднички ќе  развиваат креативни бизниси. За таа цел  е формирана и мрежа за креативно претприемништво која треба да овозможи подобрување на конкуретноста во регионалниот бизнис преку стимулирање на креативноста кај младите луѓе од двете страни на границата. Проектот како целна група ги опфаќа младите луѓе со креативни идеи и вештини од локалните училишта, универзитети и локални бизниси, невработените лица со креативен потенцијал и центрите на заедницата.

-Сакаме да ја подобриме конкурентноста токму во региоанлниот бизнис преку стимулирање на креативноста претежно кај младите луѓе. Исто така би сакале да ја постигнеме целта да се развијат креативни производи и услуги со тоа што ќе ги стимулираме и ќе формираме креативни нови претприемачи. Секако постојаните и идните претприемачи да научат нови знаења и вештини и како да креираме и изградиме нова мрежа за креативно претприемништво, вели Васка Ташева – фондација за развој на мали и средни претпријатија

Проектот ,, Мрежа за креативно претприемништво,, го имплементира фондацијата за развој на мали и средни претпријатија од Струмица, а со поддршка на Европската унија. За негова реализација преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија обезбеден е буџет од 118 000 евра.