Мрачната вистина за хитот SHOW MUST GO ON: Пејачот на екс испил чаша вотка и ги отпеал легендарните стихови додека умирал од болки
Постојат неколку срцепарателни факти кога е во прашање песната "The Show Must Go On", и секоја е потполно поинаква од другата, а сепак она што ги поврзува е Фреди Меркјури.
Една од најпознатие песни на британската група Квин се поврзува за пејачот кој почина на 45 години од сида. Многумина мислат дека тој лично е творецот на споменатиот хит од албумот "Innuendo" од 1991. Меѓутоа приказната е потполно поинаква.
Основата на песната ја напишал гитаристот на бендот Queen- Брајан Меј, инспириран од борбата на Фреди и неговата истрајност во текот на боледувањето како и желбата и натаму да настапува.
Демо верзијата ја отпеа токму Меј, сомневајќи дека Меркјури ќе успее да ги извлече незгодните делови од песната. Болеста веќе зеде замав, но тоа не го спречи Фреди сепак да ја отпее една од најпознатие песни на 20. век.
Песната "Show must go on" ја извел непосредно пред својата смрт. Погрбавен, исушен, слаб и со тон шминка за да ги покрие раните на лицето и телото како и со многу слој пудра за да му даде малку боја на неговито испиено лице. Имал јаки болки, речиси неподвижен, но сепак дошол. Испил чаша вотка и рекол: „Има е*ено да ја испеа, душо!“ и навистина така било, од првиот обид.
За жал, Фреди Мерклјури не успеа песната да ја изведе на настап, што е една од најтажните приказни на британскиот бенд. Кратко после ова почина.
Ново на Сител
-
Трамп: За две минути од разговорот со Путин ќе знам дали може да се постигне договор за војната во Украина
-
Трамп: Националната гарда ја презема контролата врз спроведувањето на законот во Вашингтон
-
Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море
-
Крозето: Владата на Нетанјаху ги изгуби разумот и човечноста
-
Повреда причина зошто Ѓоковиќ го пропушти Мастерсот во Торонто
-
Во јуни најмногу странски туристи од Турција
-
Макрон: Израелскиот план за преземање контрола врз градот Газа е подготовка на катастрофа
-
Британскиот премиер ги поддржува напорите на Трамп за мир во Украина, но смета дека Киев мора да биде вклучен во преговорите