Македонија
6. April 2020 - 14:20

МПЦ-ОА: Да се почитуваат мерките, а литургискиот богослужбен живот да се прилагоди на вонредната ситуација

Во пресрет на најголемиот православен празник Велигден, црквите ќе одржуваат литургии согласно мерките за зашитита на здравјето. Светиот Архијерејски Синод на МПЦ ОА ги повика сите верници и свештеници да ги почитуваат препораките на владата. Синодот бара да се продолжи ограничувањето на движењето  и групирање на луѓето и во текот на престојните празници а истовремено потенира дека црквите ќе се прилагодат на овие услови.

Храмовите на МПЦ – ОА, за лична молитва на верниците, ќе бидат отворени, но притоа се апелира одговорно да се почитува наложеното правило од државните власти во јавниот простор, во дозволените часови за јавно движење, времено да престојуваат исклучиво до пет луѓе на одредено растојание.

За таа цел Синодот испрати насоки до свештениците да продолжат го ограничуваат бројот на сослужители со најмногу 5мина верници , верниците да пристапуваат кон светата причест на веќе утврдениот начин, а повозрасните, болните и децата да останат дома и доколку имаат духовна потреба да се најават кај своите свештениции и причеста ќе им биде дадена дома.

Апелираат и до свештениците кои ќе почувствуваат симптоми на вирусот да се јават кај матичните лекари а доколку биде потврден резултатот да постапат согласно протоколите кои ги предвидува државата. Обредите да се извршуваат на отворено и во кругот на најтесното семејство.

Црквата секогаш се моли за сите кои не се во можнстст да присуствуваат на литургиите и порачуваат дека сите евентуални прекршувања направени од страна на свештеници или верници ќе си понесат сопствена одговорност.

Со оглед дека во вечерните часови на сила е полицискиот час а  Велигден се празнува со литургија која се служи во сабота навечер, верниците секако нема да можат да присуствуваат. Синодот дава благослов богослжбите да се пренесуваат преку медиумите а на кој начин верниците ќе честуваат дома е избор на секој поединечно.