Можности за квалитетни туристички услуги во прекуграничниот регион Македонија - Бугарија
Недоволно искористени туристички потенцијали, недоизградена инфраструктура и недостиг на соодветни човечки ресурси, се резултатите од анализата за туристичките можности на областа Ќустендил, Република Бугарија, и Североисточниот регион во Македонија, презентирани на денешната тркалезна маса во Крива Паланка.
- Во регионот се прават многу погрешни чекори и се применуваат несоодветни политики за развој на туризмот. Не се сфаќаат вистинските можности за искористување на локалните потенцијали, локалната инфраструктура и локалното производство. Не знаеме да направиме вистинска приказна со која ќе ги привлечеме туристите и ќе им наплатиме за тоа, изјави професорот Косјо Стојчев од Бугарија.
Резултатите од истражувањето беа презентирани на тркалезните маси „Можности и предизвици за обезбедување на квалитетни туристички услуги и производи во прекуграничниот регион", кои се одржаа во Ќустендил и Крива Паланка. Тие се дел од проектот "СТЕПС - Поддршка за претприемништвото и промовирање на услугите во туризмот“, финансиран од Интерег-ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија, кофинансирана од ЕУ.
Проектот се реализира од здружението „Младински општински совет - Ќустендил" во партнерство со здружението „Регионален центар за соработка - Спектар" од Крива Паланка.
Според податоците, во поглед на развиените туристички можности, Североисточниот дел на Македонија е најнеразвиен, за разлика од Источниот и Југоисточниот, кој пак има најразвиен туризам и најголем приход од оваа гранка. Од бугарска страна, пак, најразвиени се Банско, Благоевград, Сепарева Бања и Сандански, додека Ќустендил заостанува, беше истакнато на тркалезните маси.
- Низ дискусија учесниците нагласија дека туризмот во овие региони треба да биде насочен кон алтернативните форми, пред се, кон развојот на селскиот, културниот, планинскиот и бањскиот туризам за кои имаме непроценлив потенцијал. Потребна е изработка и на заеднички културен календар како информациски туристички материјал, кој ќе овозможи меѓусебна размена на туристи и поддршка на туристичките манифестации во регионот, истакна Методи Цветковски од „СПЕКТАР“, Крива Паланка.
Во рамки на проектот е спроведена и он-лајн анкета за идентификација на предложените туристички услуги и производи, како и за потребите од подобрувања во целниот регион - Североисточна Македонија и област Ќустендил во Бугарија.
Од извршените анализи, предложени се насоки за подобрување, насочени кон квалификациите на персоналот и преземање иницијативи поврзани со туристички маркетинг и претприемништво.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот