Бизнис
10. March 2021 - 16:32

Можност за отстапки само за сметководителите заболени со Ковид-19

Само на сметководителите заболени од Ковид-19 се размислува да им се продолжи рокот за завршните сметки. Останатите ќе треба да ги запазат датумите. Законски измени нема да има, само оние кои се болни ќе треба да достават доказ за болеста.   

Ваквио предлог за сметководителите е неприфатлив, се носи доцна и во прашање ќе биде доведена точноста на податоците.  

Сега сме веќе 10 ти март и целиот стрес кој колегите го претрпеа во отстуство на јасни сигнали во насока на продолжување на роковите ќе се одрази и на нивното здравје и на точноста на скапоцените статистички податоци. Тоа што на само неколку дена администрацијата се уште молчи е поразително, се вели во реакцијата на Благоја Гроздановски од комората на сметководители при ССК.

Веќе подолго време тие реагираат дека роковите за завршните се прекратки и бараа да се продолжат, затоа што многу од нив се во изолација и не можат да работат, но надлежните не го прифатија ова барање. Рокот за доставување на завршните сметки е до 28 февруари во хартиена, а во електорнска форма до 15 ти март.