Секој кој сака да живее во овој град мора да има дете и плата од минимум 6.000 евра.
Градоначалникот на алпското село Локана, Џовани Матиет, ја спроведе оваа кампања поради наглиот пад на популацијата од 7.000 лица во раните деведесетти, до сега едвај 1.500.
Понудата за живот во напуштените куќи важеше само за италијанските државјани, а денеска оваа понуда се прошири и на останатите. Градоначалникот се надева дека ќе привлече млади луѓе кои можат да работат од дома или сакаат токму во селото да почнат нова работа.
Инаку, селото има потенцијал за обнова благодарение на чистата енергија од хидроелектраната кој и се продава на државата.
А со оглед на тоа дека се наоѓа во срцето на Националниот парк Гран Парадисо во прашање е локација богата со природа за сите љубители на активности.