Свет
11. April 2018 - 13:56

Можно сценарио: Што би нападнал Трамп во Сирија и како Путин ќе одговори на тоа?!

Претседателот на САД Доналд Трамп најави дека заедно со своите политички и воени соработници во најкраток рој ќе донесе „голема одлука“ за одговор на наводниот напад со хемиско оружје во Сирија.

Ако Трамп нареди напад врз Сирија, тој веројатно ќе биде силен и сеопфатен.

Како што пишува британскиот Гардијан. Трамп ќе сака да се наметне како силен лидер. Исто така, на амерканската воена акција веројатно ќе ѝ се придружи француската, чиј претседател најави воен удар ако користењето хемиско оружје се докаже, а може ќе се придружи и Велика Британија.

Мета може да бидат сириските возфухопловни бази, а може и цели аеродром. Сириската противвоздушна одбрана е тешко оштетена во неодамнешните израелски воздушни удари, кои се изведени од одмазда за рушење на еден изреалски авион. Американските сили би можеле да нападнат најмалку 10 други воздухопловни бази во околината на Дамаск, Хомс, Алепа, Дер ез-Зора и други сириски градови.

Тој напад би можела да го изведе американската поморска борбена група сместена во источниот Медитеран и опремен со далекуметни проектили. Во него би можело да учествуваат и бројни америкаснки воени авиони сместени во Катар и на носачите во Арапскииот залив, кој веќе со години врши воздушни удари на положбата на Исламските дражави. Меѓутоа, со оглед на тоа дека нивното прелетување преку Ирак, па дури и преку Саудиска Арабија, може да биде проблематично, крстаречките проектили се чинат како најдобра опција. Воздушните напади може да бидат ризични бидејќи сириската, а можеби и руската војска може да ги собори. Губитокот на прокетили, секако, претставува далеку помал ризик за американските сили.

Ако Велика Британија се вклучи во акцијата, тоа може да го направо од својата воздушна база на Кипар. Сепак, најголем допринос на Велика Британија и Франција би било тоа што Трамп ќе може да каже дека нападот не е унилатерален.

Рушењето на израелскиот авион Ф-16 од страна на 45 години стариот сириски противвоздушен систем СА-5 покажува дека  понатаму е закана за авијацијата која би ја извршила воената акција против сирискиот режим. Меѓутоа, пред овој напад, Изреалеците извеле повеќе од стотина воздушни напади на воени мети во Сирија без одговор.

Сепак, клучно прашање е дали Русија ќе се вклучи во противнападот, односно дали ќе го активира својот моќен противвоздушен систем С-400, кој го поставила во Сирија пред нешто повеќе од една година и кој претставува закана и најмодерен авион. Руските сили досега неколку пати го вклучија системот, но никогаш не го искористија.