Свет
7. October 2016 - 11:18

Можно реактивирање на руските воени бази во Виетнам и на Куба

Руското Министерство за одбрана ја разгледува можноста за повторно отворање на своите воени бази во Виетнам и на Куба, изјави денеска заменикот министер Николај Панков, пред пратениците во руската Дума.

- Работиме на тоа, го гледаме тој проблем, рече Панков во руското собрание, одговарајќи на прашањето - дали воените власти имаат намера да ги вратат воените бази во земји како што се Виетнам и Куба, коишто беа активни во време на СССР, јави ТАСС.