Македонија
4. January 2021 - 16:42

Можно одложување на планот за воведување нов концепт во 6-то одделение?

Владата размислува за одложување на планот, новиот концепт да се имплементира од следната година кај погорните одделенија. На маса е можноста само првачињата од есен да бидат опфатени со реформата. 

Сите коментари за новиот концепт од научната фела се конструктивни, дел од нив ќе бидат прифатени најави министерката Царовска. Таа е децидна дека реформата е законска и мора да се случи, но  не откри дали ќе биде прифатен предлогот на ПМФ  да биде воведен во пилот паралелки. 

Деканот на ПМФ е уверен дека МОН ќе ги прифати нивните сугестии, иако според него нема проблем во интегрирањето на предмети.

Министерката ја посети ботаничката градина на ПМФ во која има три нови вработувања. 

По завршување на зимскиот распуст, наставата ќе продолжи како и до сега онлајн и со физичко присуство на учениците до 3 одделение. Во првото полугодие бројот на активни случаи на вирусот биле помалку од 1 процент од оние со физичко присуство. Хибридниот модел се покажал за успешен бидејќи над 90 проценти од учениците без проблем следеле онлајн настава.